Девојка е тешко повредена откако вчера околу 14,20 часот во неа удрило возило на крстосницата од улица „Кирил и Методиј“ и улица „Перо Чичо“ во Куманово.

Како што соопшти МВР, Д.С.(43) управувајќи патничко моторно возило „мазда“ со кумановски регистарски ознаки удрил во М.Т.(19) од Куманово.

По незгодата М.Т. била пренесена во Општа болница Куманово каде и биле констатирани тешки телесни повреди. Извршен е увид на местото на настанот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.