Вчера во 07.15 часот на магистралниот пат А2, во близина на црквата „Св.Еразмо“ во Охрид, патничко возило „рено“, со охридски регистарски ознаки, управувано од Н.Б.(65) од Охрид удрило во велосипед, управуван од Д.Ш.(69) од Охрид, велат од МВР.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Болницата „Св.Еразмо“ Охрид, каде бил пренесен за укажување на лекарска помош.
Увид на местото на незгодата извршила увидна екипа од СВР Охрид.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.