На регионалниот пат Гостивар – село Градец, во гостиварското село Добридол вчера во 10.25 часот патничко возило, управувано од едно лице, удрило во пешакот Л.И. (55) од село Добридол, по што го напуштило местото.
Во незгодата, Л.И. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Медицински центар Гостивар за укажување лекарска помош. За настанот бил известен јавен обвинител, а увид на местото на незгодата извршила екипа од СВР Тетово. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.