Едно лице загина вчера околу 10.10 часот на автопат Северна обиколница за Скопје.

Како што соопшти МВР, на надвозник за исклучокот за с.Кондово, патничко возило „бмв Х6“, со скопски регистарски ознаки, управувано од А.И.(57) од Скопје, удрило во пешакот Т.Н.(70) од с.Мојанци, скопско.

По незгодата, Т.Н. бил префрлен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде по укажаната лекарска помош им подлегнал на повредите.

Увид на местото на незгодата извршила увидна екипа на СВР Скопје.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.