На 29.11.2019 во 13:50 часот било пријавено дека во Битола на улицата „Димитар Илиевски Мурато”, возило удрило во К.Б.(62) од с.Мусинци-о.Новаци.

Во незгодата пешакот се здобил со тешки телесни повреди по што бил пренесен во Клиничката болница во Битола за укажување на лекарска помош, а возилото го напуштило местото на настанот.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Битола и се преземаат мерки за расчистување на случајот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.