На 26.09.2020 во 00.20 часот на ул.„Индира Ганди“ во Скопје, патничко возило „опел астра“, со скопски регистарски ознаки, управувано од С.С.(38) од Скопје, удрило во пешакот О.С.(59) од Скопје.

Во незгодата, пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“.

Увид на местото на незгодата извршила увидна екипа од СВР Скопје.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.