Рано утринава, 68-годишен битолчанец, движејќи се низ градот бил удрен од автомобил, по што со тешпки телесни повреди е пренесен во Клиничката болница во Битола.
На 29 декември 2021 во 06.05 часот било пријавено дека во Битола, на крстосницата од ул.„Филип Втори Македонски“ и ул.„Благојче Сиљановски“, патничко возило „мицубиши колт“, со битолски регистарски ознаки, управувано од П.Г.(62) од Битола удрило во Ф.Ц.(68) од Битола. Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничката болница во Битола – информираат од МВР.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Битола.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.