Синоќа кај гробиштата во с. Спас, дебарско, полициски службеници од Полициската станица за Граничен премин и Граничен надзор „Блато“ забележале лице како се движи по граничната линија со најлонска кеса во рацете.

Полициските службеници издале наредба да застане, но лицето почнало да бега и ја фрлило кесата. Биле испукани и неколку предупредувачки истрели во воздух, но лицето преминало на територија на Република Албанија.

Подоцна, во кесата биле пронајдени две пакувања со марихуана со тежина од околу два килограми. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.