Основното јавно обвинителство Скопје до судот денеска достави предлози за издавање казни од по 2 000 евра против 29 лица кои го прекршиле полицискиот час.

Обвинетите не постапиле согласно Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Македонија и за време на полицискиот час биле затекнати како се движат на различни локации – стои во соопштението од ОЈО.

Обвинителството за сите обвинети лица предложи парични казни од по 100 дневни глоби, при што вредноста на една дневна глоба да биде одредена на 20 евра во денарска противвредност.​

Лицата се обвинети за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.