На 23.05.2021 околу 19,40 часот во Полициското одделение Кривогаштани, Р.П.(53) од с.Врбјани пријавил дека околу 19.30 часот во и пред продавница во негова сопственост во с.Врбјани, З.Н. од с.Врбјани агресивно се однесувал и се обидел физички да ги нападне пријавителот и неговиот син Д.П. при што го оштетил автомобилот на пријавителот, а потоа фрлил пред продавницата шише со течност. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР-Битола. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.