Полициски службеници од Оперативен тим Потраги во соодејство со Единицата за интервентна полиција-СВР Скопје, вчера, во 18:10 часот од угостителски објект лоциран во Т.Ц. “Мавровка” во Скопје го лишија од слобода Б.А. (58) од Скопје.
Како што баведуваат од МВР, тој бил баран со потерница по наредба од Основен суд-Скопје 1 во врска со чл.392 од КЗ на РСМ, осуден на една година и шест месеци казна затвор. Лицето ќе биде предадено на надлежната казнено поправна установа
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.