Два дена пред навршување една година од сообраќајката кај Ласкарци, во Кривичниот суд во Скопје денеска треба да се одржи ново рочиште за несреќата во која лани на 13 февруари животот го загубија 16 лица, а над 30 беа повредени.

На последното рочиште пред судот беа презентирани извештаи од Судска медицина и психијатар за возачот Маноил Трифуновски, според кои, возачот на автобусот на компанијата Дурмо Турс боледувал од дибает, но тоа не влијаело врз неговата способност за возење.

Обвинителниот акт во овој пред го застапува обвинителот Дарко Јакимовски, а Кривичниот совет го води судијката Диана Груевска-Илиевска.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.