Албанецот кој заработи казна за незаконското поставување на албанското знаме на ѕидините на Самоиловата тврдина со уште една провокација.
66 годишниот Ѓерг Прецокај во интервју за албанската агенција ИНА изјави:
Знамето на Албанија го поставивме на исто место каде што било во времето на Скендербег, кога тој ги бранел албанските земји. Јас сум Албанец, господ ни ги дал нас овие териотрии и ќе бидат наши и никогаш нема да ги сотавиме.
Интересно е што токму истиот играорец во полиција не ја кажа истата изјава, туку тврдеше дека не знаеле дека прекршиле зкаон, ами знамињата ги поставиле за фолклорен перформанс кој го изведувале на тврдината, објави порталот „Охриднет“.
За ваквиот прекршок, Прецокај како предводник на групата беше казнет со 1000 евра парична глоба, но и протеран од земјава со петгодишна забрана за влез во Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.