СВР Скопје поднесе кривична пријава против 13 лица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.

Како што соопшти МВР, пријавените на 14 јуни не ја почитувале забраната за собирање во група на повеќе од пет лица во паркови и други јавни места и јавни површини, и организирале свадбена прослава на ул.„376“ во скопски Чаир, спротивно на здравствените прописи и мерки за спречување на вирусот Ковид-19.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.