На влегување во Кривичниот суд на рочиште за 27 април пратеникот Љубен Арнаудов не сакаше да каже дали ќе поднесе барање за амнестија.

Изјава давам за 50 евра – им одговори Арнаудов на новинарите.

Денешното рочиште е прво откако во вторникот попладне пратениците со 95 гласа „за” и ниту еден „против” по скратена постапката го донесоа Законот за амнестија.

Вчера се чекаше во Собранието да биде вратен законот потшишан од претседателот Ѓорѓе Иванов за да се испрати во Службен весник.

До утрово законот се уште не беше објавен. Ќе стапи на сила веднаш штом ќе се објави, а потоа обвинетите ќе имаат рок од 5 дена да поднесат барање за амнестија, а судот исто така за 5 дена ќе треба да одлучи дали го опфаќа амнестијата или не, по претходно прибавено мислење од јавниот обвинител.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.