Охридската полиција привела мајстори и градежни работници кои работеле на дивоградба на улица Марко Нестороски. Работниците биле пренесени со полициско комбе и во моментов се во полиција, пренесе „Охрид 1“.
Советот на општина Охрид неодамна ја усвои одлуката за времен прекин на донесување и спроведување на урбанистички планови, со што се воведува мораториум за градба во оваа општина. Воедно, советниците одлучија времено да се прекинат и постапките за утврдување правен статус на бесправно изградените објекти во Охрид, а го усвоија и Извештајот и Акцискиот план на владата во кој се опфатени сите чекори, постапки и активности кои ќе бидат преземени во наредниот период за исполнување на препораките на УНЕСКО што произлегоа по завршувањето на 43 – тата сесија на Комитетот на светско наследство на УНЕСКО.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.