Експлозијата што се случи вчеравечер во „Киро Дандаро“ во Битола настанала од запалено 50-литaрско буре, во кое имало мешавина од ацетат и алкохол, велат од печатницата за „СДК“.

Претходно од печатницата информираа дека пожарот кој избувнал синоќа по 22 часот во еден од магацините на фабриката, бил незначителен и без последици. Во изјава за МИА, директорот Драги Милошевски рече дека е опожарена отпадна хартија и нема други штети врз ресурсите во фабриката.

Опремени сме со високозаштитна противпожарна опрема и пожарот беше изгаснат. Не се случи ништо посебно, ниту се предизвикани материјални штети, потврди Милошевски.

Од Територијалната противпожарна единица-Битола, командирот Костадин Поповски, кусо изјави дека нивна екипа превентивно во 22:22 часот пристигнала во фабриката, но немало потреба од интервенција.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.