Досегашното вештачење нема утврдено техничка неисправност на автобусот што пред два дена излета од патот кај с. Ласкарци.

Алсат дознава дека истрагата се води во два правци. Едниот утврдува објективни причини за несреќата, како на пример дали можеби возачот ја загубил контролата над автобусот во обид да избегне судир со друго возило или пак, возел со неприлагодена брзина. Утврдено е дека непосредно пред несреќата автобусот се движел со брзина од 80-85 километри на час.

Се утврдуваат и субјективните причини кои би можело да се причина за сообраќајката, пред сè, здравствената состојба на возачот, односно можноста неговото внимание, поради различни причини (телефон, пиење вода и сл.) да било оттргнато од патот.

Истрагата што ја спроведува група експерти од машинскиот факултет продолжува.

Во несреќата животот го загубија 14 патници, а петмина се уште се борат за живот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.