Полициски службеници од СВР Скопје денеска му врачиле платен налог на пратеникот М.К., кој го прекршил Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата со тоа што зборувал на мобилен телефон додека го управувал своето возило на патот Куманово-Скопје, соопштија од МВР.

Неофицијално како што дознава Прес24 Мартин Костовски од СДСМ е пратеникот кој заработи казна поради зборување на мобилен телефон додека возел

Од МВР го повторуваат апелот до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта во Република Македонија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.