Две лица од Прилепско, возач и совозач во аудито со ресенски регистарски таблички, се жртвите во тешката сообраќајна незгода која се случи вечерва околу 20 часот на магистралниот пат Битола-Прилеп.

Околу 20,00 часот на регионалниот пат Прилеп – Битола кај село Вашарејца,при судир на товарно возило и автомобил, патничкото возило излетало од патот и загинале возачот Џ.И. (34) и совозачот А.И. (27), неофицијално и двајцата се од прилепско дознава Centar.mk.

Во текот на денот се очекува официјална информација од полицијата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.