Едно лице загина, а две се повредени во несреќата која што се случи вчера на магистралниот пат Кичево –Охрид, во близина на кракот за кичевското село Добреноец. Полицијата го соопшти идентитетот на загинатиот и повредените во несреќата во која се судрија автомобил „сузуки Марути“ со кичевски регистарски ознаки, управуван од Ј.С. (58) од селото Лавчани и возило „волксфаген пасат“ со кичевски ознаки, управуван од С.С. (30) од Кичево.
Во незгодата, Ј.С. (58) возач на автомобилот „сузуки“ им подлегнал на повредите, додека С.С. (30) возач и С.С. (51) сопатник во возилото „пасат“, се здобиле со телесни повреди.
Сударот е случен помеѓу предните делови на двете возила пришто автомобилот „сузуки“ кој се движел во правец Охрид-Кичево, се превртел на кровот. На местото на сообраќајната незгода увид извршија Јавен обвинител и полициски екипи – соопшти охридската полиција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.