СВР Тетово поднесе кривична пријава против неколку лица од Тетово и гостиварско поради основи на сомнение за сторено кривично дело „пренесување заразна болест“, информираат од МВР.

Кривична пријава е поднесена против Ф.И.(27) од с.Морина, Н.С.(20) и Р.С.(51), двајцата од Тетово, А.С.(19) од с.Џепчиште, тетовско, Ш.А. од с.Шемшово, тетовско, В.Е.(22) од с.Челопек, тетовско, А.М.Л.Д. (42) од с.Џепчиште, тетовско, Х.А.(25) од с.Дебреше, гостиварско и Ш.Д.(48) од с.Сенокос, гостиварско.

Во текот на овој месец, полициски службеници од СВР Тетово извршиле контрола и не ги пронашле пријавените во својот дом и покрај тоа што биле потврдени позитивни случаи на Ковид 19 и имале решение за домашно лекување и изолација.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.