Основниот кривичен суд Скопје ги известува медиумите и невладините организации кои ги следат главните расправи за предметите со К.бр. 1407/19 поврзан со автобуската несреќа кај села Ласкарци и предметот со К.бр 1959/17 во јавноста познат како „Тортура“, дека расправите насрочени за 30.03.2021 год. ( с.Ласкарци) и 02.04.2021 год. ( „Тортура“) се одлагаат.
– Предметот К.бр. 1407/17 се одлага заради изолација и позитивен ковид-тест на член на судечкиот совет и еден од бранителите, а следната расправа е насрочена за 20.04.2021 год. додека предметот К.бр. 1959/17 се одлага со оглед дека е доставено известување од еден од обвинетите дека е позитивен на ковид-тест и се наоѓа во изолација. Следната расправа за овој предмет е насрочена за 15.04.2021 годинаа, а за евентуални промени во термините, странките и јавноста ќе бидат благовремено известени, информираат од Основен кривичен суд Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.