Надлежен јавен обвинител од Основното јавно oбвинителство Скопје поднел предлози за издавање казнен налог против три лица, за кривично дело – „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“ од член 206 став 1 од Кривичниот законик.
Обвинетите биле затекнати како се движат надвор од своите домови во Скопје за време на важечкиот полициски час, со што ги прекршиле прописите со кои се определни мерки за спречување на ширењето на Ковид-19 – се вели во соопштението од ОЈО.
Оттаму додаваат дека ОЈО Скопје на Основниот кривичен суд Скопје му предложил за обвинетите да определи парични казни од по 100 дневни глоби, при што висината на една дневна глоба да ја одреди на 20 евра во денарска противвредност.
Поднесен е предлог за издавање казнен налог против 44-годишен гостиварец кој сторил кривично дело – непостапување според здравствените прописи за време на епидемија.
Како што информираат од ЈО, надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар на Основниот суд Гостивар му предложи на обвинетиот да му изрече парична казна во висина од 100 дневни глоби.
Обвинетиот на 5 мај 2021 година за време на епидемија, постапил спротивно на упатствата и прописите со кои беа определени мерки за сузбивање и спречување на заразната болест Ковид-19. Тој се тестирал со ПЦР тест за присуство на Ковид-19, по што од извршените тестирања било потврдено дека е позитивен на вирусот и Државниот санитарен и здравствен инспекторат му издал решение за домашна изолација. Но, обвинетиот го напуштил живеалиштето, заминал за од подрачјето и отпатувал за Швајцарија – стои во соопштението.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.