Флората и фауната покрај езерото „Младост“ во Велес е целосно уништена поради денешниот голем пожар предизвикан од мајстори кои работеле на изградба на куќа.
Фотографиите направени од авион кои пристигнаа до редакцијата на „Република“, ја покажуваат големината на штетата која е предизвикана.
На терен со пламените јазици се борат повеќе од 50 војници, екипи на ТППЕ, хеликоптери и два авиони од ДЗС кои вечерва ја прекинаа акцијата поради намалена видливост, на помош во велес пристигнаа и противпожарни екипи од Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.