Пожарникари со три противпожарни возила интервенираат во гаснење на пожарот што доцна попладнево изби во Вардариште во населбата Ново Лисиче.

Од Противпожарната бригада за МИА, наведоа дека гори отпадот на Вардариште, како и дека најверојатно пожарот е подметнат од несовесни граѓани.
Веќе 5 часа гори депонијата и се уште не е изгаснат поради силниот ветер вечерва, кој го носи часот кон Лисиче и центарот на градот.
Пожарот бил пријавен во 18 часот.
Се работи за голема површина, околу 1 километар квадратен, гори кабаст отпад, пристигнала механизација, а единиците очекуваат дека ќе работат до доцна во ноќта.
За месец и пол-два оваа и депонијата кај Борис Трајковски се интервенира најмалку пет пати.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.