Во СВР Штип вчера околу 15.30 часот било пријавено дека околу 15.00 часот во с. Карбинци, штипско, настанал пожар во трафостаница сопственост на ЕВН во атар на с.Карбинци, кој зафатил стрниште, лозја, овошки, дел од шумски појас, викенд куќа сопственост на Д.Г., систем за наводнување и гаража сопственост на С.С.(62) од Штип.

Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Штип, а повредени лица нема.

Увид извршила увидна екипа на СВР Штип.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.