Пожарот во село Бардовци е комплетно локализиран и нема никаква опасност за населението за нивните куќи и имоти, објави Противпожарната служба на Град Скопје на нивната Фејсбук страна.

Оттаму ги демантираат изјавите на очевидците  дека гореле куќи во Бардовци и дека жителите биле во опасност. Биле испратени неколку екипи кои успешно се справиле со гаснење на пламените јазици, предизвикани од палење на стрништа со сува трева.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.