Последните информации од Струмица говорат дека пожарот во центарот на градот доаѓа од гаражата на судската зграда.

На местото на пожарот се две противпожарни возила и десет пожарникари на ТППЕ Струмица кои се обидуваат да го изгаснат пожарот.

Според Александар Гудев командир на струмичките пожарникари, во гаражата најверојатно е сместен одземен пиротехнички материјал.

Гудев додава дека нема опасност од проширување на пожарот и засега најголем проблем при гаснењето се петардите поради што се слуша пукање.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.