Пожар избувна вечерва на планината Водно, во пределот над Клиниката за детски болести „Козле“.

Во гаснење на пожарот интервенираат три возила и десет пожарникари од Бригадата за противпожарна заштита на град Скопје.

Состојбата е под контрола, се намалува интензитетот и нема поголема опасност, изјави Владимир Симоновски, командир на Бригадата за противпожарна заштита.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.