По десет дена интервенција на терен, пожарот на Готен се шири кон струмичкиот регион. Гори претежно нискостеблеста шума. Скоро десетина дена екипите на радовишкото шумско претпријатие задно со противпожарната единица и дирекцијата за заштита и спасување неможат да го стават под контриола и да го локализираат. Во моментов на терен има околу педесетина лица, но нивната работа се одвива тешко поради непристапниот терен и лошите временски услови, посебно високите температури и преголемата количина на чад поради која екипите се оневозможени соодветно да делуваат.

Постепено огнот се шири  кон струмичкиот регион во територијата на општина Василево. Од шумското претпријатие Беласица велат дека нивни екипи веќе се на терен и прават напори да се спречи ширењето на огнот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.