Пожарот кај Тиквешко Езеро го предизвикале невнимателни викендаши кои славеле Илинден. Од Територијалната противпожарна единица Кавадарци за МИА изјавија дека нивни екипи и екипи од подружницата на ,,Национални шуми” по неколку часа интервенција на терен, го локализирале пожарот.
Ветерот го носел огнот на кај селото Ресава, па во гаснењето учествувале и луѓе кои денеска се нашле во близина. Имало и увид на лице место од страна на полицијата. Пламенот навлегол и во една викендичка и дошол до првите куќи во селото, па навремената интервенција спречила поголеми последици.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.