Во Катланово, над бензинската пумпа на автопатот Велес – Скопје, пред неполн час избувна пожар. Во моментов гори нискостеблеста шума, а стигијата се шири кон повисокиот дел со борови дрвја.
Како што изјави за МИА командантот на Противпожарната бригада на Град Скопје, Владимир Симоновски, седум противпожарни возила се на терен.
Засега гори нискостеблеста шума, но пожарот се шири кон боровите. Веднаш интервениравме, најпрво со две екипи, а потоа, откако беше побарано засилување, испративме уште пет. Засега не можеме точно да кажеме од што избувнал пожарот, само се обидуваме да го изгансеме или да го локализираме – рече Симоновски.
Според ТВ 21, пожарот брзо се шири и веќе се зафатени неколку викендици.
Командирот на Противпожарната бригада Владимир Симоновски подоцна изјави дека пожарот кај Катланово не е локализиран, но дека интервенираат седум противпожарни возила, кои работат на тоа. Според него, нема опасност за околните објекти и бензиската пумпа, и се очекува огнената стихија набргу да биде изгасната.
Пожарот не е локализиран, но работиме на тоа. Имаше пожари на три локации, една веќе изгласнавме. Сега гори на потегот меѓу бизниската пумпа „Окта“ и викендиците кај Катланово. Нема опасност бидејќи пожарот не е раширен, а ветерот дува во правец кон автопатот, што за нас е позитивно бидејќи брзо ќе го изнаснеме. Истовремено интервенираме и на потегот после бензиската пумпа. На терен се 7 противпожарни возила и едно притватно возило што ја чува бензинската пумпа, вели Симоновски.
Пожарот кај Катланово избувна пред еден час. По пријавата во Противпожарната бригада, на терен излегле две екипи, а потоа, по побарано засилување се приклучиле уште пет возила.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.