Во моментов пожарот во ресторанот за свадби Рагуза е локализиран, но не е изгаснат. Пожарникарите остануваат на терен, а според јавувањето на нашиот репортер, побарале дотур на боци со кислород.

Вработена во ресторанот со која разговаравме, за Република вели дека пожарот започнал во магацинскиот дел, најверојатно од вентилацијата.

Изгледа од моторите од вентилацијата. Нема што друго таму да се запали… Кога ги зафати плинските боци, арно што сме живи. Мислам дека не остана никој горе, ама беше страшно… вели вработена во Рагуза.

Вработени почнале да гаснат со ПП-апарати.

Фативме да гасиме, со ПП-апарати, имаше доволно, ама видовме дека нема ништо од тоа, брзо се ширеше, голем пламен… Отиде колегата кај музиката, додека се разбраа, отиде ресторанот. Пепел…, додава таа.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.