Вистинска драма се одвивала вечерва во населбата Точила во Прилеп. Околу 18 часот, 69 годишниот прилепчанец В.М. бил пронајден мртов во својот стан во зградата Д3 откако соседите и хигиеничарката која му чистела, алармирале дека го немале видено веќе неколку дена. Загрижени ги повикале неговите роднини кои не успеале попладнево да влезат во станот, јавува Инфокомпас.
Со одобрение на полицијата, вечерва пожарникари со корпа влегле во станот на 4-тиот спрат преку терасата кршејќи ја вратата која била заклучена. В.М. бил пронајден мртов во својот стан. Смртта ја констатирала екипата на Итната помош од Прилеп, а на лице место излегол и Јавен обвинител.
На телото не се пронајдени траги на насилство. Станува збор за природна смрт. Лицето претходно имало сериозни срцеви проблеми. Пожарникарите во присуство на неговиот внук преку терасата влегоа внатре и го пронајдоа телото. Нема да има обдукција, изјавил Дамчо Кочоски, заменик јавен обвинител.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.