Изгорел кров на семејна куќа во липковското село Слупчане.
Од Регионалниот центар за управување со кризи информираат дека кумановските пожарникари интервенирале нешто повеќе од два часа.
Вчера, Територијалната противпожарна единица Куманово во текот на изминатиот период имале една интервенција во село Слупчане на запалена семејна куќа на која целосно изгоре кровна конструкција. Шесте пожарникари интервенирале во периодот од 12:20 до 16:55 часот, со две противпожарни возила. Причината за пожарот и материјална штета се непознати – соопшти РЦУК Куманово.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.