Пожарникари со едно возило на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје вечерва интервенирале во кругот на поранешната фабрика за мебел „Треска“, откако граѓани пријавиле дека од халата се шири црн чад, објави Мета.mk.
Од противпожарната бригада објасниле дека „тоа што сега се гледа како чад е само од испарувањето“, а на местото дошла и втора екипа која контролира дали повторно ќе се појави оган.
Претходно граѓани од околината пријавиле во Противпожарната бригада, но им било речено дека чадот е од тоа што непознати лица „топеле кабли на куп” и дека нема потреба да се грижат за чадот.
извор/фото: агенции
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.