Пожарникари морале да го сечат возилото за да ги извадат патниците во возилото „БМВ“ кое денеска се заби во канделабра на улица „Перо Наков“ во Скопје.

Порталот Пресинг ТВ објави фотографии од возилото по сообраќајката кои делуваат стравично.

Возилото било управувано од 34-годишниот А.Ј. од Скопје кое од непознати причини излетало од коловозот и удрило во канделабра на тротоарот.

Со тешки телесни повреди се здобила 16-годишна сопатничка, додека полесни повреди здобил возачот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.