Кат од зграда изгоре денеска во Гевгелија. Во пожарот кој избувнал претпладнево околу 11 часот, за среќа причинета е само материјална штета, а повредени нема.
Пожарот избувнал во станбената зграда на улица „Ристо Чавдаров”.
Според првичните сознанија, станарите од зградата веднаш и навремено биле евакуирани, но ветерот кој денеска дувал во Гевгелија придонел пожарот брзо да се прошири на целиот кат.
Интервенцијата на ТППЕ од Гевгелија со сиот расположлив капацитет успеа да го локализира огнот да не ги зафати и подолните катови меѓутоа материјалната штета од пожарот очигледно е голема.
Причините за настанувањето на пожарот се уште се истражуваат и засега не се познати.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.