Вработен во Казнено поправната установа „Затвор Идризово“ вчера, во 04.32 часот во СВР Скопје, пријавил дека настанал пожар во затворската кујна. Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а во пожарот со повреди се здобил Ј.Б., вработен во затворот, кој бил пренесен во поликлиника „Ченто“ за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.