Ноќва во 02.55 часот во СВР Скопје е пријавен пожар во угостителски објект лоциран во скопската населба Скопје Север, а сопственост на М.М.(35), информира МВР.
Како што велат од полицијата, пожарот е изгаснат, а при интервенцијата за гаснење еден полициски службеник се здобил со повреди и вдишил чад, поради што бил пренесен во КЦ Мајка Тереза.
Извршен е увид и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.