Едно лице почина во пожар кој избувнал денеска во канцелариски простории на стовариште за градежен материјал во Куманово. Пожарот во територијалната противпожарна единица бил пријавен во 15 часот. Во моментов пожарот е под контрола, екипите работат на негово догасување.
– На терен се упатија две екипи од противпожарната единица, со шестмина пожарникари зафатени биле канцелариски простории во кои живеело едно лице. Во пожарот настрадал човек кој се обидел да го гаси пожарот, но најверојатно дошло до задушување и човекот починал. Кога нашите екипи пристигнаа на местото, човекот беше веќе починат, изјави командирот на ТППЕ Куманово, Дејан Илиевски.
Пожарникарот Стојан Илиевски, одговорен на смена кажа дека во моментов работат на догасување на пожарот на објектот.
– Кога пристигнавме просторијата беше зачадена. Пожарот сега е под контрола, изјави Илиевски.
И екипи на СВР Куманово вршеа увид.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.