Вчера околу 07.00 часот во СВР Охрид, пријавен е пожар во стан на улицата „Карпош Војвода“, сопственост на К.Џ.(70) од Охрид, соопшти Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.

– Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Охрид, а К.Џ. и неговото семејство поради вдишен чад биле пренесени во Медицински центар Охрид, истакна Димоски.

Увид на местото извршила екипа на СВР Охрид.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.