Дирекцијата за заштита и спасување и специјализираната воздухопловна единица при ДЗС, интервенираа на гаснење пожар во Крушево.

Од ДЗС информираат дека и денеска има активни пожари низ земјава. Апелираат за совесно однесување на населението и придржување кон забраната за движење во шуми и шумски подрачја со цел спречување пожари во нив, како и активно вклучување на сите институции како на локално, така на централно ниво во заштита на шумите и природните ресурси на нашата земја.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.