Спој во електричната инсталација, кој се случил во моментите кога слот-апаратите биле вклучени, е причината за избувнување на пожарот во казиното „Сенатор“ во центарот на Скопје. Од пламенот биле зафатени биле два монитори од слот-апаратите кои биле поставени во казиното.

Во гасењето на пожарот од противпожарната бригада на Град Скопје интервенирале со две противпожарни возила и 5 пожарникари. Констатирана е мала материјална штета.

Видеото погледнете го на Сител.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.