Гори сува трева, багрем и ниско стеблеста шума во Општина Карбинци. Дванаесет пожарникари со три противпожарни возила, но и со рачни пумпи и лопати од 11 часот го гаснат огнот, којшто зафатил околу десет хекари.
Пожарникарите кои се на терен велат дека успеале огнот да не зафати лозови насади, плантажи со вишни и пчелни семејства. Теренот на одредени делови е непристапен, но нема опасност за загрозување или зафаќање на викендици и куќи.
Според првичните информации, пожарот почнал од стрниште, кое го запалил несовесен земјоделец и го оставил да гори, по што зафатени се сува трева и ниско стеблеста шума. Пожарникарите проценуваат дека пожарот ќе го локализираат за околу еден час.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.