Избувнал пожар во канцеларијата на Ургентниот центар во Градската општа болница „8-ми септември“, објави „Алфа“. Според информациите од противпожарните екипи на терен нема повредени. Се чека МВР да изврши увид.

Командирот на противпожарнбата бригада од Тавталиџе, Влатко Симоновски за „Алфа“ рече оти бил пријавен околу 22.20 минути, а на терен се гаснело со две возила и 5 пожарникари.

Според првичните информации причина бил проблем во електричната инсталација.

извор: Алфа



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.