Во комплексот на Езерото Треска вчера околу 17 часот избил пожар, при што горело ѓубриште, трева и суви гранки.
Како што објави „Курир.мк“, повикувајќи се на командантот на противпожарна бригада Скопје Владимир Симоновски, проблем за гасење на пожарот се појавил кога пожарникарите кои требале да интервенираат на пожарот во близина на езерото, наишле на затворена капија со катанци и ланци на Комплексот.
Поради тоа побарале полициски службеници да присуствуваат на местото на настанот кога требало да го скршат катанецот.
По некое време се појавил директорот на Комплексот кој ја отворил капијата, за пожарникарите конечно да влезат и да се справат со пожарот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.