Вчера попладне настанал пожар во џамија во скопското село Рашче. За неполн час пожарот бил изгаснат а повредени нема, соопшти МВР.
-На 02.06.2019 година во 16.20 часот во СВР Скопје од страна на Бригадата за противпожарна заштита било пријавено дека настанал пожар во џамија во с.Рашче-скопско. Според пријавеното опожарен бил горниот дел од минарето. Во 17.15 часот пожарот бил изгаснат од страна на Бригадата за противпожарна заштита. Повредени лица нема и други оштетувања на џамијата нема, велат од МВР.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.