Во центарот за култура „Браќа Миладиновци” во Струга ноќеска избувнал пожар, во кој е предизвикана материјална штета, но нема повредени, соопшти СВР Охрид.
Пожарот, според информацијата, бил пријавен во 1:40 часот во струшката полиција.
По извршен увид, констатирано е дека пожарот, во кој нема повредени лица, се појавил на помошна влезна врата и е изгаснат со брза интервенција на Територијалната противпожарна едниница од Струга, изјави денеска портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.
Струшката пожарна интервенирала со едно противпожарно возило и тројца пожарникари .
За кратко пожарот е ставен под контрола, а за околу половина час целосно ликвидиран. Предизвикана е помала материјална штета, потврдија за МИА од ТППЕ Струга.
Полицијата направила увид, се работи на утврдување на причините.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.